05 Apr САД: Номиниран првиот геј судија
Судот кој јa донесе историската одлука со која Масачусетс стана првата држава во САД во која се легализираа браковите од ист пол, постои можност да ја добие својата прва геј судија.
Гувернерот Давал Патрик во понеделникот ја номинирше Барбара Ленк за да го пополни отвореното место на Високиот судски совет на Масачусетс. Ленк е лезбејка и е оженета со нејзината партнерка откако Високиот суд донесе одлука во 2003-та година за укинување на државата забрана за браковите од ист пол, сметајќи ја забраната за неуставна.
Патрик изјави за Ленк дека е високо почитувана поради “нејзините остроумни и квалитетни дела и нејзиното внимателното однесување.”
Според нејзината биографија Ленк дипломирала право на Харвард во 1979 година и се приклучила на адвокатска фирма Brown, Rudnick, Freed & Gesmer, а за да подоцна стане партнер и експерт од областа на темите поврзани со Првиот амандман од уставот на САД.