24 Mar Значаен развој против насилството врз ЛГБТ луѓето
Соопштението за сексуална ориентација и родов идентитет доби подршка без преседан
(22-ри Март, 2011) Во неверојатен развој за принципите на Универзалната декларација за човекови права, во седиштето на Советот за човекови права при Обединетите нации (UNHRC) во Женева, денес, за време на генералната дебата, Колумбија предаде Заедничко соопштение во која ги повика државите да стават крај на насилство, кривичните санкции и поврзаните кршења на човековите права врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, и го повика Советот за човекови права да ги реши овие важни прашањата. Соопштението беше предадено во име на широка група на 85 земји-членки од сите региони на светот.
Соопштението на тема сексуална ориентација, родов идентитет и човекови права ја доби поддршката на најголемата група на земји до денешен ден. Таа се базира на слично соопштение предадено од страна на Норвешка во Советот за човекови права во 2006-та (во име на 54 членки), како и заедничкото соопштение дадено од страна на Аргентина во Генералното собрание во 2008-та (во име на 66 членки). Јасно е дека секој пат кога станува збор за вакви прашања, се забележуваат мерливи зголемувања на поддршката од страна на членките.
Во текот на истата дебата, Нигерија во име на Африканската група, интервенираше и уште еднаш ја потврди критичната точка дека законите со кои се криминализира сексуалната ориентација треба да се повлечат. Други земји-членки на ОН, на пример, Руската Федерација и Ватикан, исто така, зборуваа против насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Јужна Африка, потписник на заедничкото соопштение, во посебна интервенција истакна дека сексуалната ориентација не е нов проблем за оваа земја, и повика на меѓувладин процес за да се обезбеди отворен дијалог по ова прашање.
За време на шеснаесетата седница на Советот за човекови права, високиот комесар на ОН за човекови права, Navanethem Pillay, изјави: “Ние не се обидуваме да создадеме нови или посебни права. Ние едноставно се обидуваме да одговориме на предизвиците што милиони луѓе се спречени да ги уживаат истите човекови права како останатите граѓани само затоа што тие се лезбејки, геј, бисексуалци или трансродовви лица.”
Заедничкото соопштение беше испорачано во име на 119 организации од над 60 земји. Граѓанското општество исто така даде охрабрување за можниот иден дијалог во рамките на Советот, за поддршката на оние земји што сè уште не се чувствуваат во можност да го подржат ова соопштение, но кои ја споделуваат загриженоста на меѓународната заедница за овие системски злоупотреби на човековите права. Тие, исто така, потврдија дека Советот не може да одбие да одговори или да дискутира за кршењето на човековите права на сите поединци.
Група од деветнаесет Национални институции за човекови права, вклучувајќи ги и оние од Кореја, Сенегал и Јужна Африка, исто така, ја потврдија важноста на осудувањето на кршењето на човековите права врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Овие институции се важни за решавање на повредите на човековите права – вклучувајќи ги и истрагите на претставките, разгледувањата на законите и политиките, покренувањето на национални истраги и едукацијата на јавноста – за подобро да бидат заштититени и промовирани правата на луѓето со нетрадиционални сексуални ориентации.
Во заедничкото соопштение се поддржува она што телата за човекови права на ОН постојано го повторуваа: дека никој не треба да се соочи со повреда на правата поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Откога Комитетот за човекови права на ОН во 1994 година одлучи дека сексуалната ориентација е категорија која треба да биде заштитена од дискриминација, експертите на Обединетите нации постојано дејствуваа против злоупотребите кои ги таргетираат ЛГБТ луѓето, вклучувајќи убиства, тортура, силување, насилство, исчезнувања, и дискриминацијата во многу области на животот.
Потписнички на заедничкото соопштение при Советот за човекови права се: Албанија, Андора, Аргентина, Ерменија, Австралија, Австрија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Канада, Централна Африканска Република, Чиле, Колумбија, Костарика, Хрватска, Куба , Кипар, Чешка Република, Данска, Доминика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Естонија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гватемала, Хондурас, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалови Острови, Мексико, Микронезија, Монако, Монголија, Црна Гора, Науру, Непал, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Романија, Руанда, Самоа, Сан Марино, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Источен Тимор, Тувалу, Украина, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, САД, Уругвај, Вануату, Венецуела, и Македонија