21 Mar “Епл” критикуван поради анти-геј апликација
Геј и лезбејските активисти се шокирани од апликацијата за Епловите производи iPhone и iPad, за која се тврди дека може да ја „излекува“ хомосексуалноста.
Бесплатната апликација, развиена од страна на анти-геј христијанската организација Exodus International, наводно можела да ги научи корисниците “да се ослободат од хомосексуалноста преку силата на Исус”.
Апликацијата, која беше објавена на 15 февруари на iTunes, од страна на Епл и бил даден рејтинг од 4+, што значи дека станува збор за апликација за која се смета дека не се содржи непристојна содржина.
“Со искуство од повеќе од 35 години, Exodus е посветена на охрабрување, едукација и опремување на Телото Христово да одговори на прашањето на хомосексуалноста со благодат и вистина” – се вели во описот на апликацијата.
Организацијата, наводно, се залага за техники како што се апстиненција и зајакнување на чувството за машки и женски идентитет кај хомосексуалците кои би требало да бидат решение за нивниот „проблем“.