Градоначалникот на Рејкјавик: „Хомофобите не се плашат, туку се идиоти“

Градоначалникот на Рејкјавик: „Хомофобите не се плашат, туку се идиоти“

Градоначалникот на Рејкјавик, Јон Гнар, долгогодишен застапник на еднаквоста, го изрази своето мислење онлајн за завчерашниот протест во Париз против еднакви брачни права за геј паровите.

 

Споделувајќи линк од извештај од протестот, г-ниот Гнар постираше едноставна изјава: „Хомофобијата не е фобија. Тие не се плашат, тие само група на идиоти“.

 

Мината сабота, помеѓу седумдесет и сто илјади лица излегоа на улиците на Париз да протестираат. Протести се одржаа и во Тулуз, Лион и Марсеј. Учесниците на протестот носеа розеви и плави балони и транспаренти на кои пишуваше „про-брак, не анти-геј“.

 

На 7-ми немомври владата на францускиот претседател Франсоа Оланд го одобри законот со кој се легализира брачната еднаквост и со кој им се дозволува на геј паровите да посвојуваат деца.

 

На завчерашниот протест беа присутни претставници на католичката црква заедно со застапниците на „традиционалниот“ брак и семејните права.

 

Во Рејкјавик скоро и да не постоеше опозиција при воведувањето на брачната еднаквост во 2010-та кога парламентот со целосно мнозинство го промени законот за брак. Исланд е единствена земја во светот кој усвоила закон за брачна еднаквост без никакво спортиставување во парламентот.