18 Nov ЛГБТ Јунајтед бара казни за оние кои шират хомофобија
Извор: http://www.plusinfo.mk
Здружениeто на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица – ЛГБТ Јунајтед, како организација која директно се залага за заштита, промоција и унапредување на правата на ЛГБТ лицата во Македонија, остро го осуди вчерашниот настан на насилство кој се случи пред почетокот на Маршот за толеранцијата, соопшти здружението.
„Воедно ги повикуваме државните органи да реагираат согласно законите и своите надлежности и да ги санкционираат сите кои подржуваат или промовираат било каков вид на насилство, хомофобија и трансфобија“, реагира ЛГБТ Јунајтед.
Здружението ги повика политички партии и релевантните државни институции да работат заедно на промовирањето на еднаквоста, толерантноста и рамноправноста на сите луѓе во општеството, вклучително и на ЛГБТ лицата, како заедница.