Црна Гора ветува геј прајд и одредени права на брак

Црна Гора ветува геј прајд и одредени права на брак

Црна Гора ќе се залага за правата на геј и лезбејските парови и за одржувањето на првиот геј прајд, вети Душко, заменик-премиерот на земјата.

 

Марковиќ, кој има особена одговорност за човековите права, зборуваше на самитот „Надвор на улицата“ посветен на правата на ЛГБТ лицата на работното место, кој се одржа вчера во Лондон.

 

Иако тој не вети ниту брачна еднаквост, ниту цивилни партнерства, тој се обврза да го подобри правниот статус на истополовите парови, открива Геј Стар Њуз.

 

Тој исто така изјави дека Владата на Црна Гора ќе се бори против хомофибијата со цел никој повеќе да не живее во страв.

 

Марковиќ изјави: „Нашата Влада ќе придонесе во промовирањето на правата на ЛГБТ лицата во Црна Гора. Тоа ќе го стори преку подигање на свесноста за хомофобијата и преку тренинг на службениците на институциите, особено полицијата и обвинителите, и преку заштитата на правата на овие лица. Нашата политика е јасна, не треба да има луѓе во Црна Гора кои живеат во страв и невидливост. За таа цел, владата ќе направи стратегија за борба против хомофобијата и ќе започне проект за подобрување на правниот статус на истополовите двојки во општеството. Како додаток, ние ќе ги овозможиме сите услови за биде организирана првата прајд парада во Црна Гора“.

 

Говорот на Марковиќ ја пренесе пораката дека Црна Гора сака да биде видена како одговорна држава, спремна за целосно членство во Европската Унија и НАТО.

 

Тој рече дека таа веќе е лидер во ЛГБТ проблематиката на Западниот Балкан. Земјата досега успеа да собере единаесет соседни земји на првиот самит за геј права во регионот.

 

Марковиќ призна дека хомофобијата е се уште присутна во земјата: „Не сакам да кријам, овој проблем постои во Црна Гора. Ова е проблем кој произлегува од судирот на традиционалните стереотипи и принципите на анти-дискриминацијата, помеѓу конзервативизмот и интеграцијата“.

 

Тој предупреди дека земјата се наоѓа на самиот почеток на процесот и промената на менталитетот не може да се случи преку ноќ и таа бара отворен дијалог.

 

Тој додаде дека тие се спремни да ги подобрат работите, да подржат заеднички инцијативи и да учат од други.

 

„Само во друштвото на подобри можеме да станеме подобри. Сметајте на нас како на ваши сојузници. Оваа е нашата иднина и визија која би сакале да ја изградиме заедно“ – рече Марковиќ.