13 Nov Францускиот Кабинет го одобри законот за истополови бракови
Францускиот Кабинет го одобри законот за легализација на истополовите бракови и го испрати до легислатурата за понатамошна дебата. Оваа одлука беше донесена само еден ден откако Мејн и Мериленд стана првите американски држави кои на референдум го одобирија законот за истополови бракови.
Геј бракот е горливо прашање во Франција, кое што беше едно од клучните предизборни ветувања на престедателот Фрасоа Оланд. Во тоа време, се чинеше дека ја има подршката на мнозинството на Французите, но подршката почна да опаѓа по гласното спротиставување на верските и руралните лидери.
Законодавците од конзервативната Унија на народното движење (УМП) ја критикуваа одлуката на Кабинетот од минатата среда.
„Ова е крајот на семјството, крајот на развојот на децата и крајот на образованието. Ова претставува огромна закана за нашата нација“ – изјави сенаторот Серж Десо од УМП на радио емисијата Франс Култур.