21 Feb Фејсбук ги призна граѓанските заедници
Фејсбук ги призна граѓанските заедници и домашните партнерства како статус за членовите на социјалната мрежа, потег кој беше поздравен од страна на групите за застапување на правата на ЛГБТ популацијата како силна изјава на поддршка на истополовите парови.
Гигантот на социјалните медиуми ги додаде статусите “во граѓанска заедница” и “во домашно партнерство ” на листата на достапни опции за статусот на членовите во САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.
„Со новите опции, на корисниците од целиот свет, Фејсбук им испрати јасна порака за поддршката на геј и лезбиските парови “, рече Џарет Бариос, претседател на Gay & Lesbian Alliance Against Defamation.
„Кога милиони корисници на Фејсбук ќе ги видат овие опции за статус, тие ќе се здобијат со поголемо разбирање на правните нееднаквости со кои се соочуваат посветените двојки од ист пол во големиот број на различни земји”, тврди Бариос.
GLAAD е една од националните ЛГБТ организации кои се дел од мрежата на Palo Alto firm’s Network of Support, формирана минатиот октомври и која прави напори за борба против сајбер-булиингот.