Брачната еднаквост победи во Мејн, Мериленд и Вашингтон

Брачната еднаквост победи во Мејн, Мериленд и Вашингтон

Мејн, Мериленд и Вашингтон можеби се релативно мали држави во САД, но мнозинството од гласачите во нив имаат големи срца. Денеска тие станаа првите држави во САД кои усвоија правни мерки со кои се гарантира брачната еднаквост за истополовите бракови.

 

Мејн ќе започне да издава брачни дозволи во декември, што ќе претставува ран божиќен подарок за ЛГБТ заедницата.

 

„Денеска, мнозинството во Мејн гласаше во полза на посветените истополови двојки кои ја бараат слободата да можат да стапат во брак“ – изјави Марк Соломон, директорот на националанта камапања Слобода за бракот. „Сега посветеноста која геј и лезбејските парови ја имаат во своите животи ќе биде почитувана според законот, славена од страна на нивните сакани и ќе биде наречена онака како што треба да биде наречена – брак“.

 

Интересно е да се забележи дека Мериленд и Мејн се доминантно католички држави, со што се докажа дека црковната хиерархија не зборува во името на верниците. Всушност, лидерите на Националанта организација за баркот, Меги Галагер и Брајан Браун, кои претставуваат католички атни-геј крстоносци, се фалеа дека никогаш не загубиле на ниту едно гласање за закон за брак. После ова гласање тие повеќе нема да можат да го тврдат истото.

Преземено од http://www.queerty.com