Хрватски суд го осуди Марковиќ за геј омраза

Хрватски суд го осуди Марковиќ за геј омраза

Влатко Марковиќ, поранешен претседател на Хрватската фудбалска федерација, изјави: „Фудбалерите не се геј, тие се здрави луѓе“. Но, хрватскиот Врховен суд донесе одлука во која се вели дека Марковиќ мора јавно да се извини за неговата хомофобија.

 

На новинарското прашање дали некогаш во својот живот сретнал геј фудбалер, седумдесет и пет годишниот Марковиќ изјавил: „Не, за среќа, фудбал играат само здрави луѓе. Се додека јас сум претседател, нема да дозволам да има геј фудбалери“.

 

Судот во Хрватска му забрани на Марковиќ во иднина да дава дискриминаторски коментари и го обврза да плати за објавувањето на неговото извинување и одлуката на судот во локалните весници.

 

Од минатиот јули, Марковиќ повеќе не ја извршува фунцијата на претседател на Хрватската фудбалска федерација. Неговите хомофобични коментари беа објавени во дневниот весник Вечерњи Лист.

 

Иако Марковиќ се извини за комнетарите неколку денови по давањето на изјавата, неколку хрватски ЛГБТ здруженија го тужеа за дискриминација.

 

Европската фудбалска асоцијација веќе ги осуди неговите коментари.

 

Минатата година судот во Загреб го одби случајот, но здруженијата поднесоа жалба до Врховниот суд.