31 Oct Вандализиран историскиот геј музеј во Сан Франциско
Историскиот ЛГБТ музеј во Сан Франциско е повторно отворен откако беше оштетен минатата недела.
Прозорците од Музејот беа искршени за време на хаосот кој еруптираше откако минатата недела Сан Франциско Џајантс го освоија свесткиот куп во бејсбол.
Голема штица е ставена на местото на излогот на музејот, кој беше искршен рано наутро минатиот понеделник.
Иако ниту една од колекциите во музејот не биле украдени, операторот на музејот вели дека немаат доволно пари за потребните поправки и се надева на донации од страна на граѓаните со широко срце.
Музејот ги поседува и ги одржува најголемите архиви на ЛГБТ историјата во САД.
Исто така, музејот поседува збирка од лични предмети на Харви Милк, првиот избран отворено геј политичар во Калифорнија, кој беше убиен во 1978-та.
Предметите беа донирани од партнерот на Милк, Скот Смит, кој почина од последици поврзани со СИДА во 1995-та на четириесет и шест годишна возраст.