27 Oct Загреб Прајд протестираше пред македонската амбасада во Загреб
Протест против катастрофалните кршења на правата на ЛГБТИК лицата во Македонија, против кои се води јавен и медиумски линч, се одржа денеска во улицата Звонимирова во Загреб каде што се наоѓа македонската амбасада. Со протестот се изрази солидарност со и подршка на македонската ЛГБТИК заедница.
Членовите на здружението Загреб Прајд и нивните подржувачи, во 14 часот од Плоштадот на жртвите на фашизмот тргнаа во правец на амбасадата носејќи знамиња со боите на виножитото и три транспаренти: на англиски, на македонски и на албански јазик. Активистите нагласија дека условите во кои живеат ЛГБТ лицата во Македонија се многу тешки и дека секојдневно добиваат информации за кршење на човековите и граѓанските права на ЛГБТ лицата, меѓу кои се и напади врз ЛГБТ лица, напади врз сигурните простори на ЛГБТ лицата, говор на омраза и закани кои ЛГБТ лицата ги добиват од „непознати сторители“.
Протестот пројде без инциденти, со исклучок на повремени свирежи од автомобилите кои поминуваа во близината кои многумина ги протолкуваа како знак на подршка.
Загреб Прајд ќе ги испрати фотографиите од протестот на хрватските и македонските медиуми.