23 Oct Молк
Автор: Даниел Калајџиески координатор на програмата за млади на Х.Е.Р.А.
Преземено од http://sr4all.wordpress.com/
Сцена добро позната на сите нас. Родителите заедно со своите деца, раскомотени на троседот во дневната гледаат филм. И доаѓа моментот кога има еротска сцена. И сите знаеме што точно ќе се случи. Еден од родителите го зема дале- чинскиот управувач и го менува каналот. МОЛК. Се разбира никој ништо не кажува, никој ништо не прашува. Ова е секако е поедноставната опција, да премолчиме наместо да се потрудиме да ги објасниме они работи кои што треба да бидат кажани, а кои што секој млад човек сака да ги знае. Ова не е сцена што се случува само по дома, туку ова се случува насекаде. Насекаде кај нас најчесто „се менувам каналот“ со децата и со младите, секогаш кога станува збор за сексуалноста, за репродукцијата, за здравјето, за доволството, за љубовта, за врските, за пубертетот, за првата менструација и за ерекција.
И секој за себе има добар изговор, или децата се многу мали, или ни е непријатно да збориме за сексот или пак немаме доволни информации и не знаеме како да го почнеме разговорот.
Приказната започнува дома, а продолжува на училиште, во институциите,во општеството. Сите мислат дека оној другиот треба да го преземе првиот чекор. И додека сите чекаат на оној другиот, децата и младите се најпрвин збунети, не ретко уплашени, а потоа наоѓаат свој начин како да дојдат до информацијата која им е потребна. А денес најчесто тоа се интернет форумите или пак своите врсници, а се разбира информациите до кои што доаѓаат се недоволни или пак погрешни. И во ситуациите кога ќе се појави некој клип од мобилен објавен на интернет сите сме нешто забезекнати.
И што сме направиле додека молчиме? Што е резултатот од незборувањето околу сексуалноста, одбивањето да воведеме сеопфатно сексуално образование? Одговорот оставам да го дадете сами. Никогаш не е прерано да се зборува со децата и младите за сексуалноста, но верувајте некогаш може да биде прекасно.
Пет факти:
1. Во Република Македонија не постои систем преку кој што младите луѓе ќе бидат вклучени во сите фази на донесувањето на одлуки
2. Секоја девојка над 12 години има право да избере свој матичен гинеколог
3. За 89,6% од населението во Македонија хомосексуалноста е неприфатлива
4. Над 90% од младите во Македонија сметаат дека треба да семвоведе сеопфатно сексуално об- разование
5. Безбедниот секс во Македонија е релативно скап. Ако еден пар користи двојна заштита (кон- дом и орална хормонска кон- трацепција) во просек треба да издвојат 1000 денари месечно од својот џепарлак.