Студентското тело против дискриминацијата на ЛГБТ популацијата

Студентското тело против дискриминацијата на ЛГБТ популацијата

Преземено од Либертас

Имено, би сакале да ја потсетиме македонската јавност и политичката елита, дека во извештајот на ЕУ јасно стои дека „Заедницата на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ) продолжува да страда од дискриминација и стигматизација“. Би сакале да потсетиме дека уште од 1970-тите, е донесен консензус на глобално ниво дека хомосексуалноста е нормална варијација на човековата сексуална ориентација. Во 1973 година, Американската психијатриска асоцијација ја декласифицираше хомосексуалноста, бришејќи ја од листата на ментално растројство. Истиов став го зазема и Светската Здравствена Организација во 1990, изјавувајќи дека дека хомосексуалноста НЕ е ментално растројство т.е. девијантна појава. Цитирањето на верски или културни вредности како причина да се кршат или да не се заштитат човековите права на ЛГБТ популацијата не е ни малку поразлично од оправдувањето за насилни практики кон жените како убиствата поради чест, горење на вдовици, или осакатување на гениталиите. Некои луѓе се уште ги бранат овие практики, како дел од нивната културна традиција. Но насилството кон жените не е културна традиција, туку е криминал. Слично, ропството, што некогаш било оправдувано цитирајќи верски причини од Библијата, денес се смета како кршење на човековите права. Како адолесценти кои веќе поминале низ македонскиот образовен систем, би сакале едногласно да ставиме акцент на детрименталноста на хетероаугментативната политика и хетеронормативната средина што резултира со училишно насилство стимулирано од нехетеронормативна родова експресија. Ваква виктимизација води кон високи нивоа на депресија, анксиозност и лутина не само кај ЛГБТ децата и тинејџерите, туку и нивните врсници чија родова експресија варира од нормата. Ова е јасна индикација дека не само што овие деца не растат во зрави услови, туку се и под континуирано висок ризик по сопствениот живот. Од овде, етаблирањето на хомосексуалноста како нешто нормално, не претставува колапс на семејните вредности. Токму напротив, нетолерантноста и едноумието во една хетеронормативна средина е она што резултира со самоубиства и психолошки трауми кај многу деца, и води кон колапс на семејните вредности. Од оваа причина, би сакале најстрого да ја осудиме дискриминаторската кампања која се води против ЛГБТ популацијата и да нагласиме дека македонската држава преку институциите на системот се обврзува да им ги гарантира на сите деца ,вклучително и на ЛГБТ децата, подеднакво фундаменталните детски права на живот, заштита и учество. Кордиално би сакале да го повикаме Министерот за Труд и Социјална Политика да ни се придружи во борбата против дискриминација и стигматизација на ЛГБТ популацијата. Понатаму, би сакале да ги потсетиме новинарите на нивната должност да рушат, а не да продуцираат и реинфорсираат стериотипи. Дополнително, би сакале да го поттикнеме невладиниот сектор, (со посебен акцент на организациите кои се борат за правата на детето) јавно да се изјаснат против дискриминација на ЛГБТ популацијата. Благодариме!

 

Евгенија Стојчевска – Харвард, САД

 

Мартин Наунов – Ли По Чун Светски Обединет Колеџ, Хонг Конг

 

Стефан Стојчевски – Универзитет Ватерло, Канада

 

Александра Ѓоргиевска – Јејл, САД

 

Лура Полложани – ЛСЕ (Лондонска Школа за Економија), Англија

 

Бојан Србиновски – Стенфорд, САД

 

Ана Ангеловска – Харвард, САД

 

Миле Крстев – Светски Обединет Колеџ на Атлантикот, Велс

 

Милка Мурџева – Светски Обединет Колеџ на Адриатикот, Италија

 

Стефан Кузмановски – Универзитет Џејкобс, Германија

 

Јована Стојанова – Колби-Соер Колеџ, САД

 

Андреј Блажевски – Обединет Светски Колеџ – САД

 

Филип Станковски – Универзитет Џејкобс, Германија

 

Иво Куновски – ВУ Универзитет Амстердам, Холандија

 

Елена Горачинова – Торонто Универзитет, Канада

 

Иван Кочовски – Тилбург Универзитет, Холандија

 

Нина Милева– Амстердам Универзитет, Холандија

 

Искра Соколовска –Универзитет Љубљана, Словенија