27 Sep Геј епископите се во ред, но само на целибат
Геј епископите не претставуваат проблем за Црквата на Англија се додека тие и понатаму остануваат целибат, изјави кентерберискиот Архиепископот.
Роуан Вилијамс ја изрази својата лична поддршка за осветувањето на геј епископи. Но, тој додаде дека тој никогаш нема да поддржува геј свештеници во активни врски, зашто традицијата инсистира на целибатот.
Тој рече: ” Едноставно, не постои проблем за геј човек кој е епископ. Се работи за фактот дека постојат традиционални, историски стандарди за кои од свештенството се очекува да ги почитуваат. Значи секогаш постои прашање за личниот живот на свештенството. “
Во интервју за “Тајмс”, д-р Вилијамс објасни дека тој претходно застана против хомосексуалноста, бидејќи “цената за тоа беше преголем товар за Црквата “.
Овој коментар го разбесни Петар Тачел, активист за човековите права, кој рече: “Сепак, повторно, Роуан има двојни стандарди за геј свештениците … Јас не знам како Роуан спие ноќе. Пред да стане кентербериски Архиепископ, тој ја поддржуваше инклузијата и еднаквоста на геј луѓето.