15 Sep Белградските власти ветија безбедност за прајдот
Неколку часа по објавата на датумот за геј прајдот во Белград, графити со говор на омраза почнаа да се појавуваат во српскиот главен град.
“Ние ве чекаме” е еден таков пример пријавен од страна на белградската телевизиска станица Б92.
Но, српскиот претседател Борис Тадиќ вчера изјави дека земјата има устав
кој ги штити правата на сите луѓе, без оглед на националноста, религијата или личниот идентитет.
“Уставот им го гарантира правото да се биде различен на малцинствата и на сите луѓе. Србија е дом за сите нејзини граѓани “, изјави претседателот за вестите на Б92.
Минатиот петок, белградскиот шеф на полицијата, Ивица Дачиќ говореше директно за прајдот. Тој рече дека дека насилството нема да се толерира, и додаде дека се започнати истрагите за графитите кои содржат говор на омраза, како и за заканите испратени на преку Фејсбук и Јутјуб,
Ќе бидат преземени санкциони мерки против оние што се одговорни, изјави Дачиќ за новинските агенции.