Пратеничката Поповска порача: „Заедно да се заложиме за лицата со поинаква сексуална ориентација“

Пратеничката Поповска порача: „Заедно да се заложиме за лицата со поинаква сексуална ориентација“

Во своето обраќање на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на 16-ти октомври, пратеничката Лилјана Поповска изрази жалење од несреќното недоразбирање што се случуваше деновиве во јавноста кога се влезе во една општа дебата околу непоставени прашања.

 

Таа порача дека негативната енергија што се шири од тоа е многу штетна, пред се штетна за лицата со хомосексуалност, а исто така и за сите нас како општество.

 

“Верувам дека е потребен разговор, да се разговара за различните односи, да се спречи дискриминацијата, сите заедно да се заложиме за лицата со поинаква сексуална ориентација и тоа да се прави и без провокации, и без страв“ – рече пратеничката Поповска и додаде; „Затоа што убедена сум се што постои во природата е природно или ако сакате да говориме со зборовите на верник, ако Господ не создал сите нас различни, тој сакал токму такви различни да постоиме и да се почитуваме меѓу себе“.