Петнаесет минути од вашето време. Петнаесет минути за надминување на стигмата.

Петнаесет минути од вашето време. Петнаесет минути за надминување на стигмата.

Автор: Елизабета Божиноска, Координатор на програмата ХИВ

 

Најголемата причина што светот денес сe уште не може успешно да се справи со пандемијата СИДА е што поголемиот број од луѓето инфицирани со ХИВ, не се свесни за тоа. Денес во Македонија тестирањето за ХИВ е широко достапно за секого, тестовите се бесплатни, се прават под шифра, се гарантира доверливоста, потребни се најмногу 15 минути за да се дознаат резултатите.

 

Сепак бројот на лица кои направиле ХИВ тест, на сопствена иницијатива, во Македонија е незначителен. Дали перцепцијата за сопствениот ризик од ХИВ на луѓето во нашата земја е најголема причина за тоа? На пример, што го прави поризичен, а ХИВ, сексот без кондом со човек од друга раса, различна националност или од друг континент во споредба со сексот без кондом со нашето момче, сопругот, студентката која вчера сме ја запознале, нашиот другар од детство или срамежливиот човек којшто сметаме дека е човекот од нашите соништа?

 

Едноставно – нема разлика со кого е сек суалниот однос, дали партнерите ни се со ист или различен пол, колкав е нивниот број и од која планета доаѓаат. Секој секс без кондом е ризик за ХИВ. Не се ретки и сториите на лицата со ХИВ од нашата земја коишто потврдуваат дека и тие верувале дека ХИВ не може ним да им се случи и дека го има таму некаде… во други земји… кај други луѓе…

 

А кој сe треба да направи ХИВ тест? Одговорот е прилично едноставен: Секој од нас… и мојотпријател кој е геј и редовно користикондом, и продавачката од супер-маркетот до мојата зграда која емајка на три деца и не користи кондом со сопругот… и јас кога ќе ре планирам мајчинство, и другарками која е здравствен работник икоја ретко користи кондоми… момчето кое по шестмесечна врскарешава да има секс без кондом сосвојата девојка… Ова се зборовитена човекот којшто е сепак херој намоето време: „Дојдов за да направам ХИВ тест. Не можам да ги убедам моите партнерки да направат ХИВ тест или да користиме кондом. Знам дека ако ХИВ се открие навреме, со него може да се живее долго, а имам намера да живеам сто години”… Човекот имаше повеќе 70 години.

 

Пет факти:

 

1. За резултатите од ХИВ тестот да бидат валидни потребно е да из- мине временски период од 3 до 6 месеци од последната изложеност на ризик од ХИВ.

 

2. Во следните центри во Македонија може да направите ХИВ тест, кој е бесплатен, под шифра, ни ви треба упат, здравствена книшка и сино картонче и ви се гаран- тира доверливоста: Мобилни клиники на ХЕРА кои функционираат во 10 града, Младинските центри „Сакам да знам” на ХЕРА, Советувалиште при Клиниката за Инфективни болести, советувалишта во 10 центра за јавно здравје низ земјата, Институт за јавно здравје и Поликлиника Бит пазар.

 

3. Само 0.15% од граѓаните на Македонија направиле ХИВ тестирање користејќи ја широката мрежа на сервиси за доброволно советување и тестирање за ХИВ во 2010.

 

4. Со навремено тестирање за ХИВ денес со ХИВ се живее здраво, долго и квалитетно, со изедначен век на живеење како и живот без ХИВ.

 

5. 100% од лицата кои го дознале сопствениот позитивен ХИВ статус преку Мобилните клиники на ХЕРА се откриени навремено – во рана фаза на ХИВ – инфекцијата.

 

Овој текст е дел од публикацијата по повод шеесет години од формирањето на Меѓународната федерација за планирано родителство.

 

Преземено од http://sr4all.wordpress.com/