28 Aug Главниот град на Непал-домаќин на геј прајд
Катманду – Стотици геј луѓе, лезбејки и трансексуалци се молеа монсунските дождови да не почнат за време на геј парадата, која се оддржа минатата среда во главниот град на Непал, предводена од едниствениот политичар кој отворено ја искажува својата хомосексуална ориентација во Јужна Азија.
Маршот беше во организација на непалскиот парламентарец Sunil Pant, активист за правата на ЛГБТ популацијата, кои јаваше низ градот качен на слон проследен од 500 симпатизери, од кои многумина танцуваа и свиреа музички инструменти.
Прајдот беше темпиран да се совпадне со фестивалот Хинду на Gai Jatra, традиционално шарен настан во кој многумина млади мажи се преоблекуваат во жени.
Непал е една од ретките прогресивни земји во Јужна Азија во поглед на правата на геј луѓето и лезбејките, а во непалскиот парламент во мометот се расправа за законот за легализација на хомосексуалните бракови.