14 Aug Геј браковите да се признаат на национално ниво
Врховниот суд во Мексико донесе одлука за признавање на истополвите бракови кои се извршени во Мексико Сити, главниот град на државата. Ова значи дека со оваа одлука секоја од 31-та различни држави во Мексико ќе мора да ги признаат сите геј бракови од Мексико Сити.
Со одлуката не се бара од другите Мексикански држави да дозволат усвојување на истополвите бракови.
Во Врховниот суд се гласаше 9-2 ко корист на одлуката за прифаќање на истополовите бракови од Мексико Сити на национално ниво. Судот наведе уставен закон со кој се бара да се признаваат правните договори основани надвор од границите на сојузините држави.
Како и Вашингтон, главниот град на Мексико е правно одвоен од другите сојузни држави.
Во март, законот за истополови бракови беше усвоен од страна на федерален округ на Мексико Сити, давајќи им ги истополовите парови сите права коио ги уживаат хетеросексуалните парови – вклучувајќи заедничко социјално осигурување и право да посвојуваат деца.