Аргентина ги легализира геј браковите

Аргентина ги легализира геј браковите

Аргентина стана првата земја во Латинска Америка која ги легализира геј браковите, откако во Сенатот на аргентинскиот парламент по 14-часовна жестока дебата беше одобрено донесувањето на законот за брачна заедница меѓу партнери од ист пол.
 
Донесувањето на законот беше поддржано од централно-левичарската влада на претседателката Кристина Фернандез со 33 гласови “за“, 27 гласови “против“ и тројца воздржани, а Католичката црква и другите религиозни групи остро се спротивставија на неговото донесување.

Граѓанските заедници меѓу партнери од ист пол веќе се легализирани во Уругвај и во некои од државите на Бразил и Мексико.