04 Jun Годишно стотици корисинци на дрога биваат убивани
Според нов извештај секоја година се извршуваат стотици егзекуции на корисинци на дрога, а вистинската бројка би можела да биде повеќе од 1.000, бидејќи некои земји не ја откриваат вистинската бројка на извршени смртнати казна.
Но, ИХРА, Меѓународната асоцијација за намалување на штети, вели дека бројот на државите кои извршуваат смртни казни за прекршоци поврзани со дрога се во опаѓање.
Според ИХРА, дури и Малезија и Сингапур – познати по историјата на смртни казни на престапници поврзани со дрога – во голема мера го намалиле бројот на егзекуции
Од 32-те држави ширум светот кои имаат законска регулатива која дозволува смртна казна за кривични дела поврзани со дрога, се вели во извештајот, Кина, Иран, Саудиска Арабија, Виетнам, Сингапур и Малезија се земјите кои најмногу ја практикуваат оваа казна. Во Иран, 172 престапници биле егзекутирани во 2009 годинa.