Исландската премиерка ќе се пензионира

Исландската премиерка ќе се пензионира

Исландската премиерка, Јохана Сигурдардотир, првата аутирана лезбејка на чело да национална влада, ќе се повлече од политиката по завршувањето на парламентарниот мандат во април следната година.

 

„Се има свој крај, исто како и моето време проведено во политиката кое беше долго и исполнето со настани“ – изјави таа во соопштение на веб страницата на својата партија, Социјал-демократската партија во Исланд. „Сега верувам дека е време други луѓе да го преземат кормилото кои ми беше предадено по крахот на земјата. Затоа одлучив на крајот на овој мандат да ја напуштам политиката“.

 

Терминот „крах“ реферира на економската криза во 2008-та во која пропаднаа три исландски банки и вредноста на валутата во земјата падна на ниско ниво. Нацијата доби пари од Меѓународниот монетарен фонд за да се извлече од кризата.

 

Сигурдардотир стана премиерка во 2009-та, со што стана првата жена на оваа позиција во Исланд и првата оутирана геј или лезбијска личност на чело на национална влада во целиот свет. Како поранешна стујардеса и службеник во трговски синдикат, таа беше избрана за парламентарка во 1978-та и подоцна стана министер за соцјални работи на Исланд. Оваа недела ќе наполни седумдесет години.

 

Во времето на нејзиното повлекување, челниците на Исланд дебатираат за прашањето дали земјата да се приклучи на Европската Унија и да го воведе еврото како национална валута, пренесува Ројтерс. Се уште не е јасно кој ќе ја наследи на лидерската позиција на Социјал-демократската партија.