ЕK го разгледува законот за антидискриминација

ЕK го разгледува законот за антидискриминација

Европската комисија во наредните денови ќе го каже своето мислење за Нацрт-законот против дискриминација што го најавува македонската влада. Британскиот европски пратеник Мајкл Кешман, незадоволен од најавите дека од нацрт- законот е исклучена сексуалната ориентација како основа за дискриминација, одлучи да ја праша ЕК што мисли на оваа тема.

Ако Македонија не донесе квалитетен закон за заштита од дискриминација во која ќе биде вклучена и основата за заштитата на лицата со сексуална ориентација, најверојатно, ќе се најде пред Европскиот суд за правда. Ова го најави британскиот европарламентарец Мајкл Кешмен, кој во средата пред пратениците на Европскиот парламент ја прозва Македонија поради тоа што во антидискриминаторскиот нацрт-закон ја изостави категоријата на лицата со сексуална ориентација.


Усвојувајќи го извештајот за прогресот на Македонија, Европскиот парламент во последен момент го прифати и амандманот на Улрике Луначек, со кој се бара од македонските власти законска регулатива за борба против дискриминација против хомосексуалноста. Ова беше сериозна шлаканица за македонските власти кои сакаат сексуалната ориентација да не се споменува во законот за борба против дискриминацијата.

Тој оценува и дека Комисијата за заштита од дискриминација е сведена на тело кое со оваа верзија на законот ја губи својата улога.