Тортура врз корисниците на дрога во Камбоџа

Тортура врз корисниците на дрога во Камбоџа

Притворените лица во центрите за рехабилитација од дрога, која ги води владата на Камбоџа, претрпуваат “садистичка насилство”, како што се електрични шокови, принудна работа и силување, тврдат организациите за заштита на човековите порава.

Human Rights Watch повика владата на Камбоџа да затвори најмалку 11 центри низ земјата каде што луѓето често се испраќаат произволно, без разумна причина, каде што се случуваат сериозни злоупотреби и не се дозволува пристап до адвокат.


“Многумина од затворениците се изложени на садистички насилство, вклучувајќи и шокови со електрични палки и камшикување со електрична бодликава жица”, се вели во еден извештај на Human Rights Watch.
“Тешките физички вежби и принудната работа се главните методи во наводниот третман  за рехабилитација”, се вели во извештајот.

Групите заложници за заштита на човековите права досега имаат известувано за злоупотребата на корисниците на дрога која се случува во центрите за рехабилитација во Камбоџа, а здравствените работници на ОН во минатото ги имаат преиспитувано нивните методи на лекување.

Според извештајот, во центрите кои се водени од различни разграноци на Камбоџиската влада, вклучувајќи ја полицијата и министерството за социјални работи, се затворени околу 2.400 лица во 2008 година.