Закон за истополови бракови ќе биде предложен следниот октомври во Франција

Закон за истополови бракови ќе биде предложен следниот октомври во Франција

Нов закон со кој на геј двојките ќе им се дозволи да се венчаат ќе биде предложен во Францускиот парламент најскоро во октомври оваа година.
 

Законот, кој претстаува предизборното ветување на францускиот претседател Фрасоа Оланд, ќе дозволи брак помеѓу геј партнери, но и можност за посвојување деца.

 

Премиерот на Франција, Жан-Марк Еро, претходно во парламентот најави дека на геј двојките ќе им биде дозволено да се венчаат и да посвојуваат деца до 2013-та. Минатата сабота, тој им се обрати на членовите на социјалистичката партија:

 

„Во октомври ќе го испратиме законот со кој ќе им биде дозволено на истополовите парови да се венчаат до парламетот и сенатот. Законот ќе им овозможи на истополовите двојки да формираат семејства и да посвојуваат деца.“

 
Законот ќе биде предложен во двата дома на парламетот во октомври и по парламетарната дебата, тој ќе треба да биде одобрен во двата дома.

 

Доколку биде усвоен, Франција ќе им се придружи на неколкуте земји во ЕУ кои го признаваат правото и дозволуваат истополиови бракови. Некои експерти шпекулираат дека за прифаќањето на законот во парламетот и дали тој ќе биде добро прифатен.

 

Конференцијата на католички свештеници во Франција, која се спротиставува на посвојувањето на деца од страна на геј родители, неодамна објави текст со молитва која препорача да ја користат црквите и во која се содржи став со кој се вели дека децата треба да имаат целосен бенефит од љубовта на мајката и таткото.