Одложено отворањето на првиот геј бар во Кина

Одложено отворањето на првиот геј бар во Кина



Првиот кинески геј-бар поддржан од владата, чија цел е едукација на хомосексуалци за ХИВ/СИДА, остана празен за време на неговото официјално отворање.


Барот кој се наоѓа во градот на Дали, е невообичаен, бидејќи е финансиран од здравственото биро во југозападна провинција Јунан. Тој требаше да се отвори во вторникот по повод Светскиот ден на борба против сидата, но новинската агенција Xinhua објави дека “поради притисок” отворањето е одложено од страна на локалната власт .


Одложувањето беше повод за вчерашниот уводник во кинескиот дневен весник China Daily во кој се повикува на полиберален пристап кон геј баровите во Кина.




“Изгледа дека владата во Dali не беше добро подготвена за етичка дебата, која може да произлезе од владините инвестиции во геј бар”, се вели во соопштението. “Меѓутоа, ако Владата усвои релаксиран приод, тоа би можело да ги спречи моралните ризици.”


Околу 40 проценти од новите инфекции со ХИВ дијагноза биле стекнати преку хетеросексуален однос, додека преку хомосексуален со ХИВ се заразиле 32 отсто.