Германската влада расправа за даночни реформи за геј двојките

Германската влада расправа за даночни реформи за геј двојките

Берлин – Минатата среда во германската влада започна расправа за повикот за даночно изедначување на регистрираните геј партнерства со хетеросексуалните бракови.

 

Министерите за економија и правда се согласуваат со промените на законот, со кој се дозволи регистрација на истополови двојки усвоен во 2001-та, за изедначување на даночните бенефиции со хетеросексуланите бракови.

 

Министерот за економија и вице-канцелар Филип Рујслер верува дека постојат „многу јасни знаци дека изедначувањето треба да биде содржано и во полето на даночните закони“ – соопшти неговиот портпарол на владината прес- конфернеција.

 

И тој и министерката за правда, Сабина Лојтхојсер Шнаренбергер, се членови на Слободните демократи, помлад партнер во централно-десничарската коалиција на канцеларот Ангела Мерклел.

 

Во време на засилениот притисок врз Германија, како најсилната економија во Европа, да обезбеди лидерство во даночната криза во еврозоната, коалицијата се бореше да ги премости своите разлики.

 

Меѓутоа, минатата среда, министерот за финансии, Волфганг Шојбле, директно се спротистави на своите колеги во владата преку својот портпарол кој соопштил дека  бракот ужива специјална заштита според германскиот Основен Закон.

 

Порпаролот изјави дека Шојбле, за разлика од други членови во владата, моментално не гледа потреба за брза даночна реформа и ќе ја чека одлуката за ова прашање од највисокиот суд во земјата која треба да биде сооштена следната година.

 

Заменикот порпарол на владата, Георг Штрајтер, исто така, посочи дека постои потреба Федералниот Уставен Суд да донесе одлука, „па, тогаш бидат исправени работите“

Минатиот вторник, министерката за семејство Кристина Шредер ја прошири дебатата во Берлин со подржувањето на повикот за ревизија на законот од страна на тринаесет заменици од коалицијата на Христијанско-демократската унија на Меркел.

 

Двојките кои се наоѓаат во лезбејски и геј партнерства покажуваат долгорочна одговорност и живеат според „конзервативни вредности“, изјави таа за централно-левичарскиот весник Зуддојче Цајтунг.

 

И Шредер и Шојбле се дел од ХДУ на Меркел, чија сестринска партија во Баварија,  Христијнската социјална унија се спротиставува на овој потег.

 

Според проценките, владата би можела да изгуби триесет милиони евра доколку формално регистрираните геј двојки добијат даночни бенефиции кои ги имаат хетеросексуалните двојки кои се во брак.

 

Околу дваесет и три илјади истополови двојки се моментално регистрирани во Германија според федералните податоци цитирани од Суддојче Цајтунг.