18 Sep Српската влада ќе го обезбеди прајдот
Српската влада вчера соопшти дека ќе распореди неколку илјади полициски службеници со кои ќе се заштитат учесниците на геј прајот кој екстремистички групи се заканија дека ќе го прекинат.
Оваа изјава доаѓа поради стравувањата дека првиот геј прајд по оној од 2001 година може да еруптира во насилство.
Неколку ултра-десничарски групи се заканија дека ќе го растурат маршот, кој е предвидено да се одржи во недела во Белград, тврдејќи дека и наштетува на Србија, која е главно конзервативно општество. Екстремистите, наводно, планираат напад врз учесниците, но и врз обезбедувањето на настанот и полицијата.
Противниците на маршот добија поттик од влијателната Српската Православна Црква, која го нарече настанот е “парада на срамот.”
Епископот Амфилохије, кој е главатар на црквата, вели во изјавата објавена на веб-страницата црквата дека “геј и лезбејска љубов … води кон смрт и самоубиство.”
Во соопштение од четвртокот, владата соопшти дека владата ќе го брани правото на секој граѓанин на слобода на изразување. Владата побара мир за време на настанот во неделата. Настанот се смета за голем тест за про-западна влада, која вети дека ќе ја движи земјата кон членство во Европската унија.
Српскиот шеф на полицијата, Ивица Дачиќ, за радио Б92 изјави дека неколку илјади полицајци ќе се распоредат во Белград за време на парадата.