01 Aug Промовиран нов прирачник за употреба на кондоми наменет за геј мажи и бисексуалци
Добротворната организација за ХИВ и сексуално здравје Теренс Хигинс Траст промовираше нов онлајн прирачник со инструкции за употреба на кондоми наменет за геј мажи.
Промоцијата на прирачникот е дел од новата кампања за превенција на ХИВ помеѓу геј лица и бисексуалци во Лондон.
Триесет години од појавата на ХИВ епидемијата, Теренс Хигинс Траст порачува дека кондомите остануваат најдобриот начин за заштита од ХИВ и други сексуално преносливи болести. Тие ја започнаа кампањата Водич за кондоми наменет за геј лица (Се што не ве научија во училиште) со цел геј мажите и бисексуалците да добијат правлини информации за заштита од инфекција на себе си и своите пратнери.
Кери Џејмс, раководителот на програмите на Теренс Хигинс Траст, изјави: „Кондомите преставуваат основно средство за ХИВ превенција, но преку сексуалното образование премногу мажи добиваат неадекватни совети за нивното користење. Ние знаеме дека повеќето геј мажи користат кондоми поголемиот дел од времето, но тие не знааат за одредени детали како, на пример, дека чувањето на кондомите на топло место или употребата на плунка како лубрикант може да предизвика оштетување на кондомот. Со нивиот прирачник ќе им се помогне на мажите да избегнат оштетувања на кондомот и да уживат во подобар и побезбеден сексуален живот“.
Водичот за кондоми наменет за геј лица може да се најде на www.tht.org.uk/summerloving каде, исто така, се наоѓаат и совети за надобриот начин на употреба на кондоми. Водичот содржи и линкови до специјаланата понуда на сајтот на NHS Freedoms во која се нуди пакување од 24 кондоми за цена од пет британски фунти во време траење од три месеци колку што трае и Самер ловин’ кампањата.
Самер ловин’ кампањата, која е финасирана од Пан лондонската програма за превенција на ХИВ, ќе се промвира преку реклами во геј медиуми и постери во геј локали. Теренс Хигинс Траст ќе дистрибуира пет илјади Самер Ловин’ пакувања на кондоми во клубовите и баровите на лондонската геј сцена.