Мала ХИВ студија донесе надеж за „функционална нега“ на инфицираните лица

Мала ХИВ студија донесе надеж за „функционална нега“ на инфицираните лица

Мала студија спроведена во Франција донесе надеж за пронаоѓање на „фунционална нега“ за лицата заразени со ХИВ. Дванаесет пациенти престанаа да примаат ХИВ медикаменти и одржаа ниски нивоа на ХИВ вирусот во нивните тела во период од шест години.

 

Пациентите започнале да примаат анти-ретровирусни лекови десет недели откако се заразиле со вирусот, но престанале да ја примаат терапијата по три години. Вообичаено, ХИВ пациентите кои ќе престанат да ги примаат лековите искусуваат ризично вискои нивоа на ХИВ вирусот кој евентуално предизвикува СИДА.

Меѓутоа, пациентите од студијата одржале екстремно ниски нивоа на вирусот во своите тела и не заболеле од СИДА.

 

Во мометот се прават дополителни истражувања врз таканаречените „контролори“, односно лица кои не заболуваат од СИДА и покрај тоа што се инфицирани со ХИВ.  Со овие истражувања се влеја надеж за пронаоѓање на „фунционална нега“ со која ХИВ вирусот се одржува на ниско ниво, наместо целосно да се елиминира.

 

Шарлин Бакхус, главниот истражувач во оваа студија при француската национална агенција за истражувања поврзани со СИДА „АНРС“, изјави: „Овие резултати покажуваат дека анти- ретровирусната терапија треба да биде започната при самиот старт на инфекцијата“.

 

„Шест години по прекинот на третманот, пациентите кои биле третирани при самиот почеток на инфекцијата покажуваат совршена способност да ја контролираат ХИВ инфекцијата“.