Руската амбасада во Лондон реагира на сместувањето на руски ученици кај геј семејства

Руската амбасада во Лондон реагира на сместувањето на руски ученици кај геј семејства

Руската амбасада во Лондон соопшти дека примила поплаки од родители кои ги испратиле своите деца на летни школи во Обединетото Кралство каде што помеѓу други проблеми се соочиле со престој кај „хомосексуални семејства“.

 

Весникот Телеграф објави дека амбасадата испратила предупредување на руски јазик по бројните поплаки во врска со третманот на руските деца во Обединетото Кралство.

 

Преведено на англиски јазик, во соопштението се вели дека дел од децата биле жртви на „несодветни“ услови за сместување за време на нивниот престој кај британските семејства. Имено, дел од децата биле сместени кај „хомосексуални семејства“.

 

Амбасадата соопштила дека  ќе продолжи да интервенира во случајот на несоодветно сместување на децата од страна на домаќинските семејства.

 

Диана Лоу, извршниот директор на Акредитационото тело за јазични сервиси, преку кое некои од „проблематичните“ летни школи се регистрирани, изјави за Телеграф: „Досега имаме добиено неколку поплаки. Во ред е руската амбасада да ги предупреди родителите, но јас би ги повикала да ги насочат овие поплаки кон самите школи и акредитационото тело, доколу тоа го немаат направено досега“.

 

На прашањето за престојот на децата кај геј родители, Лоу рече: „Тоа е деликатно прашање. Луѓето кои сместуваат ученици треба да се културно свесни и тие треба да го информираат студентот за профилот на семејството. Но, не постои ништо погрешно во вркса со геј паровите, дел од нив се најдобрите домаќини“.