Италија: Полицијата се извини за прирачникот во кој хомосексуалноста беше вброена во девијантни појави

Италија: Полицијата се извини за прирачникот во кој хомосексуалноста беше вброена во девијантни појави

Националната полиција на Италија се извини откако во еден нејзин прирачник хомосексуланоста била наведена како „сексуална девијатност“, заедно со зоофилијата, инцестот и некрофилијата.

 

Според извештајот на новинската агенција Франс Прес, полицискиот прирачник бил со намена да биде користен за тренинг и тестирање на припадниците на полицијата.

 

Во книгата, која има 585 страни, се вели: „Главните сексуални девијации се хомосексуалноста, егзибиционизмот, садимзмот, инцестот и зоофилијата“.

 

Командантот на полицијата, генералот Леонардо Џалители вели дека наведувањето на хомосексуалноста како девијатна појава претставува „нереќна грешка“ која била основана на „застарена формула“.

 

Оттогаш, овој пасус е отстранет од книгата.

 

Паоло Патане од италијанската група за геј права „Аркигеј“ изјави дека оригиналниот пасус бил засрамувачки и дека бил пријатно изненаден од реакцијата на полицијата на поплаките во врска со текстот.

 

Иако хомосексуалноста е легална во Италија уште од деветнаесетиот век, сепак во земјата не постои легална заштита за геј паровите.

 

Дискримацијата на геј лицата при вработување е нелегална според законите на Европската Унија, но, Италија доброволно нема усвоено какви било национални закони за заштита на геј лицата.

 

Меѓутоа, регионите на Тоскана и Пиемонт, дозволуваат легална заштита од дикриминација врз основа на сексуална ориентација на геј граѓаните во јавните сервиси, образованието и други општествени полиња.