ОН: Анти-геј законите ја попречуваат борбата против ХИВ-от

ОН: Анти-геј законите ја попречуваат борбата против ХИВ-от

Законите со кои се криминализира хомосексуалноста ја опструираат превенцијата на ХИВ-от, се вели во неодамна објавениот извештај на Глобалната Комисија за ХИВ и Право.

 

Извештајот, насловен „ХИВ-от и Правото: Ризици, права и здравје“, е базиран на примарни истражувања на 1000 лица во 140 земји во светот. Во извештајот особено се критикуваат земјите кое ги казнуваат хомосексуалните акти со смртна казна (Иран и Јемен) или долги затворски казни (Јамајка и Малезија).

 

„Во Јамајка, каде што ХИВ преваленцата помеѓу мажите кио имаат секс со мажи е меѓу највисоките во светот, законите за анти-содомија предизвикуваат страв и насилство и ги туркаат овие мажи поделеку од здравствената нега и третманите кои им се потребни“ – вели Маурис Томилисон, јамајкански правник и правен советник на AIDS-Free World. „Владите имаат одговорност да преземат храбра акција и да ги укинат законите кои се основани на незнаење и нетолеранција“.

 

Во извештајот се потенцира дека африканските и карибиските земји кое не ги криминализират истополовите сексулални активности имаат пониска ХИВ преваленца помеѓу мажите кои имаат секс со мажи.

 

Комисијата, исто така, критикуваше и други закони кои ја спречуваат превенцијата на инфекцијата со ХИВ. Во овие закони се вбројуваат законите во САД и други земји со кои се криминализира инфицирањето на друга личност со ХИВ, законите во Кина и Камбоџа со кои се криминализира интравенското користење на дрога и законите во околу 100 земји со кои се криминализира одреден аспект на сексуалната работа.

 

„Законите со кои се криминализират и дехуманизираат популациите кои се под најголем ризик од зараза со ХИВ – вклучувајќи ги и мажите кои имаат секс со мажи, сексуалните работници, трансродовите лица и интравенските корисници на дрога ги туркаат луѓето во подземјето и подалеку од неопходните здравствени сервиси, и го зголемуваат ризикот од ХИВ“, се вели во извештајот.

 

Комисијата е финасирана од Развојната програма на ОН и панелот составен од поранешни национални и интернационални експерти за ХИВ. Раководителот на Комисијата, поранешниот претседател на Бразил, Енрике Кардосо, изјави:

 

„Премногу земји трошат витални ресурси во спроведување на застарени закони кои ја игнорираат науката и ја перпетуираат стигмата. Имаме шанса да ги ослободиме  идните генерации од заканата од ХИВ. Не смееме да дозволиме неправдата и нетолеранцијата да го спречат овој прогрес“.