Фонд за проект за сексуална работа

Фонд за проект за сексуална работа

Во Бристол, Велика Британија, проект опфаќа работа со сексуални работници кои имаат бебиња доби 200 илјади фунти средства од владата.

Куќата Наоми, која се наоѓа на тајна локација во градот, е безбедно место за жените и нивните деца каде што можат да останат и до период од 23 месеци.

Со овој грант куќата ќе може да опстојува во следните две години.

Проектот е насочен кон мајки кои имаат желба да ја напуштат сексулната работа, и им нуди помош да се изборат со зависностите и да научат нови вештини.



Куќата Наоми е дел од оргнанизацијата One25 која нуди сервиси на жени кои се или биле инфолвирани во улична сексуална работа.

Андреа, една од жените со кои работела One25, вели: „Додека работев на улица не можев да се движам поради моето лошо здравје и не можев да најдам место каде да живеам. Сакав да умрам. Требаше време луѓето од One25 да ми станат пријатели.

Социјалните работници од One25 постојано ме посетуваа и ми помогнаа да се отргнам од дрогата да најдам дом и да се повлечам од сексаулната работа. Сега повторно ги гледам моите деца и започнав да волонтирам“.