„Оку-прајд“ – протест на радикалните ЛГБТ активисти

„Оку-прајд“ – протест на радикалните ЛГБТ активисти

Според организаторите на „Оку-прајд“, кој претставува контра-демонстрација на прославите на геј идентитетот спонзорирани од корпорации, минатонеделните маршеви на гордоста забораваат што значи да се биде радикален квир активист, пренесува Сан Франциско Егзаминер.

 

Со таа цел тие повторно го враќаат протестот во рамките на геј прајдот.

 

„Мислам дека корпоратизацијата, односно комерцијализацијата на прајдот навистина излегува надвор од контрола“ – за весникот изјави активистот Томи Авиколи Мека. Тој се спротиставува на честите корпоративни спонзорства и верува дека компаниите како Банката на Америка и Велс Фарго спроведуваат таканаречен „пинк вошинг“, служејќи  со корпоративни пари за да ја придобијат некогаш маргинализираната заедница.

 

„Мислам дека тие свесно сакаат со пари да ја придобијат заедницата“ – изјави тој за весникот.

 

„Оку-прајд“ не беше во состав на закажаните маршеви минатиот петок, сабота и недела, односно на транс и дајк маршевите и главната Парада на гордоста. Наместо тоа, минатата сабота организаторите се сретнаа на други локации за да протестираат според сопствена агенда, објави весникот.

 

Според веникот, акциите на организаторите на „Оку-прајд“ биле инспирирани од движењата „Окупирај го Сан Франциско“ и „Окупирај го Вол Стрит“. Оранизаторите порачаа дека маршевите на гордоста нема да бидат попречувани.

 

„Ние не ја напаѓаме Парадата на гордоста“ – за весникот изјави организаторот Крег Руски. „Ние не го напаѓаме организациониот комитет, ниту нашето семeјство. Ние само ги напаѓаме корпорациите“.