04 Aug Илјадници излегоа на прајдот во Белфаст
Неколку илјади лица се појавија на годинешниот геј прајд низ центарот на градот Белфаст во Северна Ирска. Парадата претставуваше кулминација на една недела долгата прослава, во која беа вклучени и предавања, изложби и перформанси.
Преставници од црквата беа во таборот кој организираше протест против одржувањето на овој настан пред градското собрание во Белфаст.
Менаџерот на прајдот, Scott Mitchell, вели дека прајдот е семејно ориентиран настан и е отворен за секого, и се додека некој не предизвикува неволји, организаторите ќе бидат среќни ако присуствува на настанот.
Тој вели дека се надева дека демонстрантите евентуално ќе се согласат да учествуват на парадата, но дека,за жал, ќе мора да се справат со тоа се додека тие не се одлучат да престанат да протестираат.
Годинашново издание на прајдот е деветнаесто по ред и во неговата рута се наоѓаше градскиот центар, а пак крајната дестинација беше плоштадот Custom House на кој се одржа и завршната забава.
Втора година по ред комисијата на парадата не стави никакви рестрикции на настанот.