Сексуалните работници ќе спречуваат ширење на ХИВ

Сексуалните работници ќе спречуваат ширење на ХИВ

World Learning Ethiopia, непрофитна организација која оперира во повеќе од 75 земји, лансираше тригодишен проект за превенција на ХИВ  на територијата на градилиштата во Етиопија.

Проектот има за цел да допре до 33 илјади градежни работници, 2900 сексуални работници и околу 200 илјади лица од околното население на просторот од 25 огромни градежни локации кои се наоѓаат во земјата.

Поовеќето од поголемите градилишта во Етиопија кои се последица на економскиот раст на нацијата се наоѓаат во рурални и отсечени локации каде што ХИВ превенцијата и здравствената нега се на ниско ниво.




World Learning Ethiopia планира да работи во тесна соработка со Министерството за водни ресурси, Етиописката корпорација за електрична енергија и Етиопиското јавно претпријатие „Улици и Патишата“, за доследно ги фацилитира и менаџира планираните активности.

Според заедничкото соопштение за јавноста кое го објавија УСАИД и World Learning Ethiopia, проектот за превенција на ХИВ поттикнува позитивно однесување кон барањето на здравствена нега, особено консултирањето и тестирањето за ХИВ и третман на сексуално преносливи инфекции (СПИ) и ќе помогне во зајакнувањето на мрежите со цел подобро да се фацилитира пристапот до  антиретровирусна терапија и сервиси за  превенција на пренесување на ХИВ од мајка на дете.