Лезбејките во Кина покренаа петиција за донирање крв

Лезбејките во Кина покренаа петиција за донирање крв

Пекинг – Лезбејките во Кина организираа потпишување на онлајн петиција во која повикуваат  на геј лицата да им се дозволи да донираат крв, објавија кинеските државни медиуми.

Петицијата со кој се бара од владата да го повлече законот од 1998-та година со кој на геј лицата им се забранува да донираат крв, досега беше потпишана од 540 лица, а целта е да биде достигне 100 потписи, објави China Daily.

Голем дел од геј и лезбејската популација во Кина се соочува со стигма и дискриминација и повеќето не соопштуваат својата сексуална ориентација јавно во конзервативното општество во кое живеат. Геј веб страниците се често блокирани од страна на владата.



„Кина не им дозволува на потенцијалните донатори на крв да даруваат крв откога ќе напишат дека нивната сексуална ориентација е геј во апликацијата“ вели портпаролот на Пекиншкиот Црвен крст.

„Станува збор за практичен закон, затоа што геј заедницата има повисоки стапки на сексуално преносливи болести. Затоа мораме да бидеме претпазиливи“ вели таа, „Дури и да лажат во формуларот дека се хетеросексуалци, целата крв се тестира за присуство на болести.

Весникот објави дека постојат околу 30 милиони гејови и лезбејки во Кина, но не објави колку од нив се заразени со ХИВ/СИДА.

Владата и УНАИДС претпоставуваат дека бројот на лица кои живеат со ХИВ во Кина изнесува околу 700 000, а околу 85 000 имаат СИДА.