24 Jul Африка со особен успех во борбата против СИДА-та
Африка постигна особен успех во борбата со ХИВ/СИДА, но пристапот до универзална здравствена грижа кој се очекуваше во 2010-та ќе биде одложен заради недостиг на фондови, соошти директорот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза маларија.
„Нема да имаме пристап до универзална здравствена грижа во Африка до 2010-та ,нонастрана од тоа постигнавме огромен успех“ – изјави извршниот директор на Фондот, Michel Kazatchkine за време на неговиот тродневен престој во Етиопија.
Индустријализираните земји од Г8 се обврзаа во 2005-та да и помогнат на Африка да овозможи универзален простап до антиретровирусни лекови до 2010-та.
Според Глобалниот фонд, само 35 проценти од Африканците кои се заболени од СИДА имаат пристап до лекови, а Африка има најголем број на инфицирани луѓе.
До следната година, според Kazatchkine, процентот би можел да се покачи до 75 проценти, посочувајќи го прогресот на земјите каква што е Боцвана.
Боцвана е една од земјите кои најмногу беа погодени од пандемијата во Африка со повеќе од 24 проценти од групата на луѓе на возраст од 15 до 49 години, но каде што пристапот до третманот е 100 проценти.
Фондот досега потрошил околу 16 билиони долари ( 11 билиони евра ) за помош од неговото создавање од страна на Г8 во 2002-та. Повеќе од 2,3 милиони лица ширум светот имаат добиено третман благодарение на неговите ресурси.