ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕР/КА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕР/КА

1. За проектот

Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на дизајнер/ка за подготовка на визуелен дизајн на три (3) извештаи во рамки на проектот WE CARE: United we stand to fight against sexual and gender-based violence.

2. Опис на ангажманот

Избраниот/ата дизајнер/ка ќе биде ангажиран/а за:

• Креирање на визуелен концепт и дизајн за три (3) извештаи

• Графичко уредување и распоред (layout) на текстот (околу 10 страници по извештај)

• Обезбедување на унифициран и конзистентен визуелен идентитет за сите три извештаи

• Подготовка на финални верзии за дигитална (PDF) дистрибуција

3. Временска рамка

Ангажманот се очекува да се реализира во период од: 08.04.2026-30.04.2026

4. Потребни квалификации

• Искуство во графички дизајн

• Познавање на графичко уредување на текст и типографија

• Способност за почитување рокови и работа во консултација со тим

5. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати/ки треба да достават:

• Кратко портфолио или примероци од претходна работа

• Финансиска понуда (вкупна цена за целиот ангажман)

Апликациите да се испратат на: koalicijaszpmz@gmail.com

Рок за аплицирање: 09.04.2026

6. Дополнителни информации

Доколку не бидете контактирани до 10.04, тоа значи дека вашата понуда не била избрана.