
24 Sep Официјален повик за Школата за род, сексуалност, култура и политика 2025/2026
Коалицијата МАРГИНИ и феминистичката платформа Медуза со задоволство ве покануваат да се пријавите на новото издание на Школата за род, сексуалност, култура и политика, која ќе се одржи во академската година 2025/2026.
Ги замолуваме заинтересираните учесници да се пријават со испраќање на е-маил на koalicijaszpmz@gmail.com, во кој ќе достават своја кратка биографија и по неколку реченици зошто би сакале да бидат дел од Школата, најдоцна до 05 октомври 2025.


Школата е замислена како простор за критичко промислување, истражување и колективно учење и ќе понуди интензивна програма посветена на критичко истражување на феминизмот, квир теоријата и родовата правда во нивниот историски, правен, културен и политички контекст. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со развојот на феминистичката мисла и клучните концепти на родовите студии, да продлабочат знаења за женските форми на здружување и политичка солидарност во социјалистичка Македонија, како и да ги разгледаат современите правни рамки за родова еднаквост и нивната примена во пракса. Дополнително, преку предавања и дискусии ќе се отвораат прашања за политичките потенцијали и критичкиот капацитет на квир теоријата и културата, вклучувајќи и уметнички практики на отпор, но и за историските и книжевните претстави на андрогини, амбивалентни фигури и „чудовишта“ што го преиспитуваат бинарното разбирање на родот и сексуалноста.
Програмата ќе се одвива во текот на пет месеци и ќе вклучи:
✨ седум предавања (октомври – декември, организирани за време на викенд) водени од универзитетски професори/ки, истражувачи/ки и експерти/ки за род, сексуалност и политика
✨ три интерактивни работилници (јануари – февруари, организирани за време на викенд), на кои учесниците ќе развијат заеднички финален продукт (зин, подкаст, видео, аудио материјал или друг тип на само-организирана активност);
Со спојување на активистички, академски и културни перспективи, Школата придонесува за создавање квир и феминистичко знаење, градење заедништво и политичко оснажување.
Пријавувањето е отворено за (млади) истражувач(к)и, студент(к)и, активист(к)и, уметници/чки, и сите оние кои се заинтересирани за темите на род, сексуалност и политика.
Времетраење: октомври – февруари
Динамика на предавања: две до три предавања во месецот + една до две работилници месечно
Локација: КСП „Центар-Јадро“ и Јавна соба
Време на одржување: 12:00 – 15:00 часот, сабота
Учеството на Школата е бесплатно, а учесниците коишто ќе присуствуваат на 80% од активностите и предавањата ќе добијат Сертификат за учество.
Предавачи на Школата и теми:






