07 Feb Со законските измени „согласноста“ ќе биде клучен фактор во случаите на сексуален напад
Текстот е оригинално објавен на: mollequkja.mk
Од: Ардит Рамадани
Постоењето на согласност или не пред интимните односи ќе биде клучна детерминанта во случаите на сексуален напад во Северна Македонија. Со измените во Кривичниот законик (член 186), жртвите на силување се ослободуваат од обврската да докажат дека при делото врз нив било употребено насилство или каков било вид заплашување, додека тие активно се бранеле или приговарале, како што било до сега.
Ова е многу важно затоа што често, поради околностите во кои се наоѓаат жртвите, пријателите и стравот, тие не се во можност активно да се спротивстават на нападот, но и затоа што е можно да има сексуален напад или силување без употреба на физичко насилство.
Ова е новата законска дефиниција за сексуален напад.
Член 186
(1) Тој што спротивно на јасно изразена волја на друг, проценета во контекст на околностите на
случајот, врз него ќе изврши полов однос или друго со него изедначено полово дејство, што се состои
во вагинална, анална или орална пенетрација со кој било дел од телото или предмет, или ќе наведе друго лице без неговата согласност да изврши полов однос или друго полово дејство со трето лице,
или да изврши полово дејство врз себе си, ќе се казни со затвор од една до осум години.
Доколку жртвата на полов напад е помлада од 15 години, сторителот ќе се казни со најмалку три години затвор, додека ако при делото било употребено насилство или закани, сторителот ќе се казни од три до десет години во затвор.
Овие измени доаѓаат како резултат на усогласувањето на законите со Истанбулската конвенција, а таков стандард има поставено и Европскиот суд за човекови права, според кој, одредница за сексуалниот напад мора да биде (не) согласноста дадена од жртвата.
Законската регулатива досега ја остави земјава без реална статистика за силување
Фактот дека сексуалните напади без употреба на физичко насилство или закани не се криминализирани, ја остави земјата без соодветна статистика за случаи на силување во Северна Македонија. Активистите со кои разговараше „Молекуќја“ велат дека реалната статистика за „силување“ е многу поголема од онаа што информираат властите.
„Не знаеме колку такви жени можеле да доживеат сексуален напад без физичко насилство, во нашиот центар за поддршка на жени жртви на секаков вид насилство сме имале жртви на силување, но не и на силување без физичка сила“, изјави за новинарот на „Молекуќја“ Небахат Зибери Имери од Женскиот центар за поддршка во Тетово.
Зибери Имери додаде дека „мислам дека немало такви пријави до нас, бидејќи тоа не е законски регулирано и жените не биле информирани дека се работи за силување“, имплицирајќи дека само поради фактот што постоело во законот, не значи дека немало такви случаи.
Паралелно со законските измени, неопходно е да се третираат и полицајците поради менталитетот што го имаат некои од нив дека жените, особено со интимните партнери, сметаат дека е неотуѓиво да имаат сексуални односи наспроти нивната волја.
Официјално, од 2020 до 2023 година, во Северна Македонија се регистрирани 115 случаи на силување.
- 2020 – 38 кривични дела
- 2021 – 25 кривични дела
- 2022 – 18 кривични дела
- 2023 – 34 кривични дела
Повторуваме дека оваа бројка се смета дека е многу поголема, прво дека откако законското регулирање на сексуалните напади досега не е во корист на жртвите, како и стравот, стигмата и срамот принудуваат многу жртви воопшто да не го пријават случајот.
Секој сексуален однос без согласност е силување
За важноста на овие законски измени разговаравме со Драгана Дрндаревска од Коалицијата „Маргини“, таа вели дека по законските измени доаѓа до промена на размислувањето бидејќи често „вината“ за сексуален напад е неправедно насочена од жртвата.
„По пријавата жртвите се соочуваат со виктимизација и од институциите и од околината, и за ова слободно можеме да кажеме дека средината е соизвршител со тоа што ја обвинува жртвата, етикетирајќи ја како неморална со тоа што вели „сама си побарала“, додека од друга страна има релативизирање на вината на сторителот и оправдување на неговото дело. Многу често околината не и верува на жртвата, за насилникот се зборува како „добра/семејна“ личност, додека жртвата е етикетирана како „злосторник/ вештерка“ и слично, се вели дека ја пријавил за да се одмазди и слично“, рече Дрндаревска.
Северна Македонија сега признава и санкционира дури и силување во брак. Дрндаревка додаде дека до сега „ова не се сфаќало ниту како силување, ниту како форма на сексуално насилство, бидејќи се верува дека во бракот вршењето сексуални односи е право на мажот, а должност на жената“.
Таа додаде дека сега е време државата да ги засука ракавите и да работи на зајакнување на капацитетите на институциите кои обезбедуваат услуги за жртвите на родово насилство и општа свест за важноста на согласноста или усогласеноста.
„Имаме центри за пријавување и насочување на жртвите на сексуално насилство кои немаат доволен капацитет. Со други зборови, од една страна имаме повеќеслојни проблеми, а од друга страна нема сериозен интерес и вложување од институциите за решавање на овие проблеми. Сè уште немаме информации и не знаеме како и дали се спроведуваат измените на Кривичниот законик, дали институциите попрофесионално постапуваат со жртвите на сексуално насилство и како во пракса се оценува усогласеноста“, рече Драгана Дрндаревска за ‘Молекуќја’.
Според анализата на “Amnesty International”, само 12 од 31 земја во Европа имаат закони кои го дефинираат силувањето како секс без согласност, меѓу кои: Белгија, Хрватска, Кипар, Данска, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Луксембург, Малта, Шведска и Велика Британија. Во овие земји секој сексуален однос без согласност на двете страни е силување, ни помалку ни повеќе. Отсуството на согласност знечи дека ќе се смета за силување секој случај во кој жртвата не била способна да даде согласност како на пример, случаи во кои жртвата била под дејство на алкохол и/или други психоактивни субстаници, без разлика како е облечана и дали кажала јасно „не“ или физични се противела или не.