Дали е потребен закон за родова еднаквост?

Дали е потребен закон за родова еднаквост?

Во #24Анализа со Биљана Секуловска на Телевизија 24 дискусија и анализа за тоа зошто е важен Законот за родова еднаквост.
 
Билјана Котевска изјави дека Законот треба да се однесува еднакво на мажите и жените и лицата со сите родови идентитети.
 
?️- Тие се споменати во нацрт решението и е точно наведено и објаснето е на што се мисли. Дефинициите се во насока на она што веќе е утврдено во други документи вклучително и во Истанбулската конвенција и е во насока на она кое го имаме како правна насока и работната група се уште работи на тоа. – вели Котевска.
 
Психологот Ана Попризова рече дека во општеството перманентно е присутно насилството и дискриминацијата и со постоење на регулатива, ќе се унапредат односите во училиштата.
 
?️ – Во секој облк на насилство особено во училиштата, постои тој момент на родово стереотипизирање и дискриминација. Во најголема мера, најдискриминирани се оние кои ќе бидат етикетирани како припадници на ЛГБТ заедницата и децата со попреченост. Истражувањата покажуваат дека токму овие ученици се во многу потешка состојба и во оваа насока, сметам дека треба да се подржат овие законски решенија и воведување на сексуалното образование. – вели Попризова.
 
Снежана Ванчева Калевска рече дека е важно да се донесе Законот за родова еднаквост. Вели дека на оваа тема многу се разговарало,
 
?️ – Ние ја ратификувавме Истанбулската конвенција и ако тргнеме од универзалната декларација за чоекови вредности, не смееме да говориме дали има потреба од таков закон. Има потреба. Ние веќе разговаравме за законското нацрт решение. Имавме јавна расправа организирана за членовите на Комисијата за еднакви можности и Клубот на партеничките каде беа вклучени и членки од опозицијата. До овој момент, за потребата од носење на вакво законско решение немало спротивставено мислење. Мажите и жените се’ уште не уживаат исти права. – рече Ванчева Калевска.