23 Feb Повик за учесници на Курс за Екофеминистички дискурси и уметнички практики
🌎 Еден од најчестите стереоптипи за планетата Земја – дури и од страна на еколозите – е нејзината претстава како „Мајка природа“. Прашањата зошто е тоа така се централни во размислите на екофеминистиките. Екофеминистките често ја поврзуваат експлоатацијата на природата со угнетувањето на жените. Дополнително, екофеминистките често ги сметаат технологијата и надминувањето на „природните“ граници како клучни за феминистичката еманципација. Низ овој курс сакаме да ги отвориме прашањата за односите меѓу природата, технологијата, женственоста, експлоатацијата и човештвото воопшто низ различни дискурси. Како треба да ја разбереме врската помеѓу родот, природата, технологијата и угнетувањето?
👩🏫 Курсот за Екофеминистички дискурси и уметнички практики има за цел да го зголеми знаењето на учесниците на школата за екофеминизмот, феминистичката екологија и еколошката философија за човековата околина (environmental philosophy), како и да ги развие капацитетите за контекстуализација на практиките на женската визуелна уметност. Низ курсот ќе се разгледуваат иницијативите на жените уметници кои го поставуваат екофеминизмот како критичка рамка која покрај тоа што нуди еколошка свест, има и за цел да ги деконструира погрешните претпоставки за екологијата кои се задржуваат на стереотипното и патријархалното, хиерархиското и тривијалното разбирање на улогата на жената во сферите на креативноста и продуктивноста кои долго време доминираа во уметничките дискурси.
👩🏫 Во рамки на Школата учесниците ќе имаат можност да следат предавања и работилница од проф. Сузана Милевска. Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на уметноста и визуелната култура. Во своите теоретски истражувања таа користи постколонијална и феминистичка институционална критика на репрезентативните режими на хегемонистичка моќ во уметноста и визуелната култура и деконструкција и деколонизација на спорните културни наследства во уметничките институции, колекции и јавни простори.
Курсот ќе се одржи во Скопје и истиот вклучува:
- Два мастер часа (предавања) закажани на 01.04.2023 и 08.04.2023
- Работилница закажана на 29.04.2023
📧 Постапка за пријавување:
Заинтересираните лица треба да достават кратка порака за учество на Курсот која ќе содржи еден пасус мотиванција (максимум 1 страна) на е-пошта: koalicijaszpmz@gmail.com, со наслов (subject)- Пријава за курс по екофеминизам, најдоцна до 10.03.2023.
Во пораката апликантите треба накратко да го објаснат својот мотив за пријавување на овој курс, своето досегашно искуство и познавања во темите покриени со курсот, како и очекувањата од курсот.
Од апликантите се очекува посветеност и редовно учество на сите предавања во периодот на одржување на Курсот!
За резултатите од изборот апликантите ќе бидат информирани најдоцна до 15.03.2023.
Повикот е отворен за лица над 18 години кои имаат интерес и желба за запознавање или дополнување на знаењата од предложената тема. Бројот на учесници е ограничен на максимум 20 лица.