Машкото сексуално однесување е причина за зголемената ХИВ/СИДА преваленца

Машкото сексуално однесување е причина за зголемената ХИВ/СИДА преваленца

Како што во Индонезија расте бројот на ХИВ/СИДА инфекции стекнати при сексуален контакт, напорите за справување со состојбата треба примарно да се фокусираат на неодговорната машка сексуална пракса, велат експертите.

 

Нафис Садик, специјалниот преставник на ОН за ХИВ/СИДА во пацифичка Азија, изјави дека голем број на сопрузи одат кај сексуални работници несвесни дека преку небезбеден секс можат да се инфицираат со вирусот, за да потоа ги инфицираат и своите сопруги.

 

„Повеќето жени во сите земји, вклучувајќи ја и Индонезија, добиваат инфекции преку единствeниот партнер кој го имаат – односно преку нивните сопрузи“ – изјави Садик на прес-конференција за Милениумските развојни цели.

 

За да се заштитат жените и децата од ХИВ/ СИДА инфекции, Садик повика на поагресивни напори во спречувањето на неодговорната сексуална пракса на мажите.
„Како што во Индонезија расте бројот на ХИВ/СИДА инфекции стекнати преку сексуален контакт, мораме преку вистински пристап да ги фокусираме напорите кон превенција на трансмисија на вирусот од родител на дете“ – вели таа.

 

Податоците од индонезиското министерство за здравство покажуваат дека во 2009-та, 186, 257 лица биле инфицирани со ХИВ. Без посебни мерки за превенција, овој број на ХИВ инфицирани луѓе може да се покачи на 541 700 до 2014-та.

 

Генералниот секретар на Националната комисија за СИДА, Нафсаи М’бои, рече дека младите луѓе помеѓу петнаесет и дваесет и четири години со наоѓаат во најризичната група која е подложна на ХИВ инфекција

 

Спротивно од претходните трендови во кои повеќето нови ХИВ инфекции беа стекнати преку интравенско користење на дрога, повеќето инфекции денеска се добиени преку сексуално општење.