23 Nov ЛГБТИК+ организациите од Западен Балкан и Турција бараат од ЕУ да даде акциски препораки за земјите за проширување
Posted at 14:13h
in Активизам, Балкан, Коалиција, ЛГБТИК, Македонија, Недискриминација, Политика, Почетна Вести, Човекови права
Со објавувањето на извештаите за проширување на ЕУ, ERA – LGBTI Equal Rights Association на 9 ноември беше домаќин на регионален вебинар на тема „Унапредување на политиките против дискриминација и правата на ЛГБТИК+ во Западен Балкан и Турција, во рамки на ЕУ интеграцискиот процес“. На настанот присуствуваа претставници од граѓанското општество, меѓународни организации и институции, академска заедница и државни институции, меѓу кои и Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини.
Главните заклучоци од нивната анализа на извештаите за напредок се:
📌 ЕУ треба да ги следи клучните реформи за ЛГБТИК+ правата;
📌 Тие треба да содржат јасни, практични препораки и препораки насочени кон акција;
📌 Треба да се користи јазик што ги повикува државите на акција и јасни препораки за да се поттикнат институциите да ги решаваат случаите на дискриминација, говор на омраза и злосторства од омраза против ЛГБТИК+ лицата со должно внимание;
📌 Усвојување заеднички јазик и дефиниција за известување за сите форми на родово базирано насилство со интерсекциски пристап според Истанбулската конвенција и не ограничувајќи се на семејно насилство или насилство врз жените и девојките.
🔗 Целосната вест проследете ја тука: https://www.lgbti-era.org/news/eu-should-make-actionable-recommendations-enlargement-countries-lgbtiq-organisations-ask?fbclid=IwAR2af3789yAlgM7sO2jiQ40fJgx3TsZnYDd-ScW1KRp1Bb1mpi3rBXvxYXg
#EUenlargement
#DGNEAR
#EuropeanCommission