16 Feb Годишен преглед на LGA-Europe за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа и Централна Азија
Годишниот преглед е годишна публикација на ИЛГА-Европа која ги документира правните, политичките и социјалните случувања во 54 земји и 4 европски институции во текот на изминатата календарска година. Тоа е уникатен извештај кој ги следи клучните позитивни и негативни трендови во однос на ЛГБТИ еднаквоста и човековите права во Европа и Централна Азија. Кликнете овде за да го преземете целосниот извештај.
Овогодинешниот преглед открива дека зад димната завеса на анти-ЛГБТИ реториката во Европа, постои основа на сојузничка одлучност да се справи со омразата.
Свој придонес кон извештајот даде Коалиција МАРГИНИ заедно со Хелсиншки комитет и Субверзивен фронт. Поглавјето за Северна Македонија е достапно тука.