Деветгодишно момче и порача на Баптистичката црква Вестборо: „Бог не мрази никого“

Деветгодишно момче и порача на Баптистичката црква Вестборо: „Бог не мрази никого“

Деветгодишно момче покажа знак со паролата „Бог не мрази никого“ за време на протест на Баптистичката црква Вестборо, позната по своите „Бог ги мрази хомсексуалците“ пароли.

 

Момчето и неговата мајка се наоѓале во Вашбурн универзитетот во Топика, во сојузната држава Канзас, кога го забележале протест на црквата која редовно ги одржува за време на погреби со цел да протестира против хомосексуалноста, абортусот и други теми.

 

Госпоѓата Акроуш ја постираше сликата со нејзиниот син на Фејсбук и напиша „По нашата прошетка во кампусот на Вошбурн, налетавме на протестот. Џозеф беше одлучен да го каже своето мислење, па отиде во колата зема пенкало и хартија, и направи свој знак на кој пишуваше – Бог не мрази никого“.

 

„Никогаш не сум била погорда. Овие луѓе се страшни, но тој сепак беше силен, имаше почит и застана зад своите ставови. Тој ќе биде добар човек, не се соменавам во тоа. Со неговото дело порано го добив мојот подарок за Денот на мајката“.

 

Во видеото постирано на Фејсбук по настанот, момчето изјави: „И се спротиставив на Баптистичката црква Вестборо и сакам да кажам неколку нешта. Прво, го направив тоа бидејќи не ми се допаѓаат нивните пароли, не ми се допаѓаат тие луѓе и сакам да си спречам. Второ, доколку ми доволите, можам да направам многу нешта во врска со тоа. Трето, треба да се почитуваме помеѓу себе, дури и ако имаме спортиставени идеи“.