17 May Јавна расправа за осуда на говорот на омраза и нетолеранција кон ЛГБТ-лицата
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, во соработка со собраниската комисијата за еднакви можности на мажите и жените, во четврток оддржаа јавна расправа за потребата од јавна осуда на говорот на омраза и нетолеранција кон ЛГБТ-лицата, сексуалните работници, корис
Коалицијата ја поздравува оваа демократска дебата за правото на еднаквост и недискриминација на ЛГБТ-лицата, сексуалните работници, корисниците на дрога и лицата што живеат со ХИВ, и се надева дека слични дебати во Собранието ќе се одржуваат и во иднина.
Една од главните препораки на Коалицијата беше донесување на собраниска декларација за осуда на говорот на омраза и нетолеранција кон маргинализираните заедници, со експлицитно споменување на ЛГБТ-лицата, сексуалните работници, корисниците на дрога и лицата што живеат со ХИВ.
Иако во текот на комисиската расправа беа наведени бројни примери на говор на омраза и повикување на насилство кон повеќе маргинализирани групи, во предлог заклучоците дојде до израз отсуството на политичка волја за донесување на собраниска декларација во која експлицитно ќе биде осуден говорот на омраза и нетолеранција кон ЛГБТ-лицата, сексуалните работници, корисниците на дрога и лицата што живеат со ХИВ.
Недостатокот од политичка волја за именување на групите кои се најмногу изложени на говор на омраза и дискриминација е израз на непризнавањето на постоењето и борбата за еднаквост на ЛГБТ-лицата, сексуалните работници, корисниците на дрога и лицата што живеат со ХИВ. Следствено, молкот во однос на говорот на омраза и дискриминацијата е и молк кон главните причини за насилство и социјално исклучување кон овие групи.
Недостатокот од политичка волја за признавање, почитување и заштита на правата на ЛГБТ-лицата е една од главните причини зошто Македонија се најде на дното од европските земји на мапата на ИЛГА-Европа. Македонија доби пониска оценка од минатата година (од минус два, на минус четири), додека другите земји земји од Западниот Балкан добија многу повисоки оценки (на пример, Албанија и Србија имаат оценка 6, Босна и Херцеговина 5, Црна Гора 8, а Хрватска 10).
По повод 17-ти мај, светскиот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” вечерва ќе одржи проекција на филм и дискусија на тема „Национализам и хомосексуалност” во ГЕМ-клубот („Менада”)